5/31/2011

Летни школи

Кој сака ова лето да го искористи и за патување и за работа на докторатот во областа на преведувачките студии, може да се пријави на неколкуте докторски летни школи за превод.

TRSS е заедничка иницијатива на три британски универзитети и Центрот за превод на Хонгконшкиот баптистички универзитет. Британската школа е од 27 јуни до 8 јули на Универзитетот во Манчестер со професор Хелен Бизелин како гостин; а школата во Хонг Конг од 18 до 29 јули со проф. Џулијан Хаус.

CETRA 2011 по дваесет и трети пат нуди истражувачка програма во областа на преведувачките студии. Школата трае од 22 август до 2 септември на Католичкиот униврезитет во Лувен, Белгија. Гостин предавач е проф. Кристина Шафнер.

Бизнис школата од Копенхаген ова лето го организира првиот докторски курс за преведувачки процеси од 15 до 19 август.

(c) FreeFoto.com

Јас на мојата докторска ќе работам на Летната школа во Манчестер, која нуди многу интересна двонеделна програма со специјалистички модул за „дејственост во преведувањето и толкувањето“.

No comments:

Post a Comment