Showing posts with label литература за деца. Show all posts
Showing posts with label литература за деца. Show all posts

11/13/2012

Детето во книгата

                                                                                                                             











Оваа сабота ќе учествувам на Меѓународната конференција за литература за деца на Универзитетот Шучоу во Тајпеј, Тајван. На конференцијата ќе зборувам за децата кои пишуваат во ситуации на насилни конфликти и војни, особено за војните на нашите простори на бивша Југославија. Како и за преводите на овие книги за светската јавност. Со повеќе информации се читаме по конференцијата.

10/01/2012

Среќен празник на сите преведувачи



Еве еден подарок од мене, се надевам корисен и интересен. Станува збор за збирка од седум есеи за различни прашања поврзани со преведувањето на детска литература, напишани меѓу 2007 и 2012 година. Она што ги обединува е гледањето на преводот како интеркултурна комуникација.

Низ есеите се преплетуваат теоријата на преведувањето и практичните примери на преводи од англиски на македонски и обратно.

Дел од есеите се претходно објавени во Огледало и овде се ревидирани. Неколку есеи се првично објавени на англиски јазик, а овде преведени на македонски и дополнети.

Книгата наскоро ќе биде достапна во книжарниците во Скопје, а можете да ја нарачате од издавачот „Вермилион“.

12/20/2010

Книги за преводот и литературата за деца

Неколку збора за две книги кои ги читав неодамна, бидејќи се поврзани со теми кои ме интересираат:

1. „Улогата на преведувачите во литературата за деца - невидливи раскажувачи“ од Џилијан Лати (Ратлиџ, 2010). Оваа книга претставува сериозен историски преглед на преводот на литература за деца на англиски јазик од најраните печатени книги до денеска. Содржи интервјуа со три наградувани преведувачки на литература за деца. Повеќе на англиски можете да прочитате на блогот на Меѓународното друштво за проучување на литературата за деца.

2. „Критичка мултикултурна анализа на литературата за деца: огледала, прозорци и врати“ од Марија Хосе Ботело и Маша Кабаков Рудман (Ратлиџ, 2009). Во најновиот број на списанието „Меѓународни истражувања на литературата за деца“ беше објавен мојот осврт на оваа книга, која зборува за средствата кои можат да се користат за анализа на литературата за деца од мултикултурен аспект, тема за која сум исто така длабоко заинтересирана.


И кога сме кај тоа, би сакала да ја споменам и мојата неодамна објавена книга, „Литературата за деца и културната разноликост“ (Вермилион, 2010), која ги анализира претставите за жените, етничките групи и лицата со попреченост во примерок на литературата за деца напишана на македонски јазик од 2001 до 2010 година.