6/03/2011

Превод во Хонг Конг


Како добитник на стипендијата за докторски студии на Советот за финансирање на истражување ќе можам следните три години да ги поминам како докторски кандидат на Центарот за превод на Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг под менторство на д-р Марта Чонг.

Осум образовни институции од Хонг Конг кои учествуваат во програмата номинираа 505 кандидат. По строгиот процес на оценување од два панела составени од 20 локални и 27 меѓународни експерти, на 167 им беше понудена стипендијата, а 125 ја прифатија, меѓу нив и јас. Останува уште да си ги спакувам куферите.

No comments:

Post a Comment