Showing posts with label публикации. Show all posts
Showing posts with label публикации. Show all posts

12/19/2012

Книжевни дислокации


Во Зборникот има и мој текст за преводот како патување низ просторот и времето преку примерот на Пиреј на Петре М. Андреевски, кој пред некое време беше објавен во превод на англиски јазик од Вил Фирт и Мирјана Симјановска во издание на Политекон од Сиднеј.

Инаку целиот зборник е резултат од една прекрасна конференција која се одржа во септември 2010 година во Охрид во организација на Здруженијата за компаративна литература на Македонија и на Европа.

11/08/2012

Мирот почнува со мене

И повторно на истата тема, овојпат на српски јазик во неделникот на Нови Магазин. Целиот текст можете да го прочитате тука. Во бројот кој излезе на 20 септември во Белград, точно во очи на 21 септември, Светскиот ден на мирот, мислам дека беше одлична прилика да се слушне за улогата на толкувачите во ситуации на конфликт и мировни преговори. Им благодарам на сите од редакцијата на Нови Магазин за оваа можност. Овој есеј е кус вовед во моето докторско истражување кое го работам на Студиите по мир и развој на Институтот за безбедност, одбрана и мир во Скопје.

10/01/2012

Среќен празник на сите преведувачи



Еве еден подарок од мене, се надевам корисен и интересен. Станува збор за збирка од седум есеи за различни прашања поврзани со преведувањето на детска литература, напишани меѓу 2007 и 2012 година. Она што ги обединува е гледањето на преводот како интеркултурна комуникација.

Низ есеите се преплетуваат теоријата на преведувањето и практичните примери на преводи од англиски на македонски и обратно.

Дел од есеите се претходно објавени во Огледало и овде се ревидирани. Неколку есеи се првично објавени на англиски јазик, а овде преведени на македонски и дополнети.

Книгата наскоро ќе биде достапна во книжарниците во Скопје, а можете да ја нарачате од издавачот „Вермилион“.