Showing posts with label ИАТИС. Show all posts
Showing posts with label ИАТИС. Show all posts

8/03/2012

Конференција и генерално собрание на ИАТИС (IATIS)

После Сеул, Кејптаун и Мелбурн, конференцијата на ИАТИС оваа година се одржа на копното на Европа, поточно во Белфаст, со тема „Превoдот и политиката на признавање“. Повеќе од 100 учесници од целиот свет се собраа на Универзитетот во Квинс за да дискутиураат за најновите достигнувања во областа на преведувачките студии. Иако немаше посебен панел посветен на литературата за деца, според бројот на презентации на оваа тема можеше да се заклуци дека е доста популарна. Јас зборував за мојот проект за преводите на книги за деца од Западен Балкан на англиски јазик.
Како дел од конференцијата се одржа и генералното собрание на ИАТИС. Членството во оваа организација освен што е значајна за секој кој се  занимава со теоретско проучување на преводот, носи многу поволности како попусти во купување стручна литература, информации за конференции и учество во различни  проекти. За да се зачлените погледнете тука.




Следната конференција е закажана за почетокот на јули 2015, во Бело Хоризонте, Бразил. Се гледаме таму.

12/28/2011

Регионални работилници на ИАТИС

Со почеток во 2012 година ИАТИС ќе воведе нова иницијатива за понатамошно поттикнување на меѓународната академска соработка во областа на преведувачките студии. Овие тридневни работилници се замислени како настани организирани од регионални институции и организации, а под покровителство на ИАТИС. Основната цел на овие работилници е да се обезбедат поблиски врски помеѓу истражувачите во преведувачките и меѓукултурните студии кои работата во одреден регион, како и размената на знаења помеѓу овие научници и другите од соседните региони, да обезбедат почести можности за академска соработка и размена и да поттикнат релативно мали, фокусирани настани кои можат да служат како платформа за подолгорочна соработка во рамките на регионот.

7/25/2011

4та ИАТИС конференција


Меѓународната асоцијација за превод и меѓукултурни студии со задоволство ја објазува својата четврта конференција која ќе се одвива од 24 до 27 јули 2012 година на Универзитетот Квинс во Белфаст, Северна Ирска.
Темата на конференцијата, преводот и политиките на препознавање, опфаќа широк опсег на теми во рамките на преведувачките, толкувачките и меѓукултурните студии. Заинтересираните учесници можат да испратат апстракт до 19 септември 2011 година.
На конференцијата како гости предавачи ќе можете да ги слушнете Радва Ашор, Киран Карсон, Хилари Футит и Моира Инхилери.
Се гледаме таму!