Она што беше многу интересно е тоа што, иако обете експерти во областа на правото, беа свесни за предизвиците со кои се соочуваат толкувачите кои се дел од правниот систем. Судското преведување не значи само преведување на суд, како што најчесто се верува, ами и преведување во полициски истраги, преведување во затвор, итн. Поради својата специфика судското преведување бара специфична обука како за толкувачите кои ќе специјализираат ваков тип на превод, така и за вработените во судството и полицијата кои работат со преведувачи.


Истиот ден, во рамките на Литературниот фестивал во Манчестер во „Ројал ексчејнџ тиатер“ се одржа Саемот на книги за деца, на кој беше претставен еден од најдобрите и најчитаните британски автори за деца, Мајкл Росен. Мајкл Росен има објавено безброј збирки поезија, сликовници и антологии за деца меѓу кои „Одиме на лов на мечки“, „Ова е нашата куќа“ и „Големата книга за лоши работи“.

No comments:
Post a Comment