За преведувачите кои се на почетокот на својата кариера работата како волонтери може да им помогне да се стекнат со искуство, да го зголемат познавањето на одредена терминологија и да ја збогатат својата биографија. Додека пак, искусните преведувачи, преку волонтерски ангажмани можат да ја зголемат својата општетсвена одговорност, да придонесат за својата заедница и јазик.
Една од можностите е Глобални гласови (Global Voices). Ова е меѓународна „мрежа од блогери кои преведуваат, известуваат и ги бранат блоговите и граѓанските медиуми од целиот свет.“
Со слична мисија е и Фондацијата Розета која промовира еднаквост преку јазикот и културната разноликост обезбедувајќи „пристап до информациите и знаењето на сите јазици во светот“.
Здружението за Цистична фиброза „има актуелна потреба од волонтери кои би помогнале во преведување на помали статии за ЦФ , од англиски , италијански или некој друг меѓународен јазик , како и лица кои би дале поголема медиумска афирмација на Здружението и проблемите на децата со ЦФ.“
За оние кои повеќе сакаат литературен превод Меѓународната дигитална библиотека за деца бара волонтери преведувачи од сите јазици за превод на книги за деца.
Среќно преведување!
No comments:
Post a Comment