На 30 септември, со почеток во 12 часот, во просториите на ДПМ во Скопје, по повод Светскиот ден на преведувачот, ќе се одржи свечен Собир на македонските книжевни преведувачи на кој ќе бидат доделени преведувачките награди за 2010 година, и тоа:
Повелбата 30 Септември на Бистрица Миркуловска,
Наградата за преведувачки опус Кирил Пејчиновиќ д-р Ранка Грчева
Наградата Григор Прличев Бранко Цветкоски за препевод од бугарски јазик на Избрани стихови од Љубомир Левчев
наградата Божидар Настев на Елисавета Поповска за превод од францускиот оригинал на романот „Подрумите на Ватикан“ од Андре Жид, во издание на Магор од Скопје;
наградата Ванѓа Чашуле на Анка Ѓурчинова за преводот од француски јазик на надреалистичкиот роман „Надја“ од Андре Бретон;
преведувачка награда Абдуљазис Ислами на Фејзи Бојку,
Златно перо на:
Олга Панкина од Москва, за нејзиниот превод на руски јазик на Избор од осум драмски текстови од македонски автори објавен годинава во Москва,
Адам Пуслоиќ од Белград за неговите препеви на српски јазик на стихови од македонски автори;
Стефан Симовски, за превод од германски јазик на романот „Лични прашања“ од Марта Тиканен, во издание на Огледало;
алентина Новачева, за преводот од француски јазик на романот „Пената на деновите“ од Борис Вијан, во издание на Или-Или од Скопје
Марија Саревска-Тодоровска, за преводот од англиски јазик на романот „Наследена загуба“ од Киран Десаи (лауреатка на Букеровата награда), во издание на ТРИ од Скопје.
Специјално признание за значителни заложби во издавањето на преводна литература на книгоиздателства „Или-Или“ и „Македонска реч“
No comments:
Post a Comment