(една од петстотините нови приказни откриени во Германија, собирани од историчарот Франц Ксавер фон Шонверт 1810 - 1886)
Еден млад принц се изгубил во шумата и стигнал до една пештера. Таму ја минал ноќта, а кога се разбудил до него стоела стоела стара жена со мечка и со куче. Старата вештерка посакала принцот да остане и да се ожени со неа. Тој не сакал, ама не можел ниту да си замине.

„Сега ќе си најдам убава девојка“, викнал принцот и брзо истрчал надвор. Стигнал до полето со репки, но пред да го стави клинецот под една од репките над него се појавило чудовиште, па го испуштил клинот, си го боцнал прстот и толку искрварил што паднал во бесознание. Кога се разбудил видел дека е на некое друго место и дека долго бил во бесознание, бидејќи мазната брада сега му била покриена со руси кадрици.
Тргнал преку полето и шумата и ги пребарал сите полиња со репки, но никаде не го нашол она што го барал. Минал цел ден и цела ноќ, а следната вечер седнал под една грмушка на трника со црвени цветови на едната гранка. Ја скршил гранката и бидејќи пред него покрај другите нешта на земјата имало и бела репка, ја мушнал гранката од трниката во репката и заспал.
Кога се разбудил изутрината, репката покрај него личела на голема, отворена школка во која лежел клинот, а ѕидот на репката наликувал на јадро, на кое била втисната слика. На сликата имало отпечатоци од мало стопало, тенка рака, цело тело, па дури и коса, каква што би можела да има само најубавата девојка.
Принцот станал и почнал да бара и конечно стигнал до старата пештера во шумата, но таму немало никој. Го извадил клинот и го заковал во ѕидот на пештерата, и одеднаш се појавиле старата жена и мечката. „Кажи ми, бидејќи сигурно знаеш,“ - згрмел принцот остро кон старата жена, – „ каде си ја ставила убавата девојка?“ Старата жена се насмеала кога го чула: „Еве ме, што толку ми викаш?“
Мечката кимнала со главата и го побарала клинот во ѕидот. „Чесна си, сигурно“ – кажал принцот, - „ама нема повторно да бидам будалата“. „Извади го клинот“, - за’ржала мечката. Принцот посегнал и го извадил клинот до половина, погледнал наоколу и видел дека мечката е веќе половина маж, а грдата стара жена речиси убава и мила девојка. Потоа го извадил целиот клин и потрчал во нејзината прегратка, бидејќи била ослободена од клетвата. Клинот изгорел, а младиот брачен пар заедно со таткото, крал, стигнале во неговото кралство.
No comments:
Post a Comment