3/10/2011

ОПТИМАЛЕ

Повеќејазичните вештини и високо квалитетниот превод се клучни за создавањето и опстојувањето на повеќејазичната и мултикултурна Европа. Обучените професионални преведувачи сè уште играа важна улога во овој процес и покрај усовршувањето на машинското преведување и повеќејазичното процесирање на информации.

Професионалците и научниците кои се специјализирани во полето на преведувачките студии веќе повеќе години работат на унапредување на образованието за преведувачи. Ова, до сега, доведе до меѓународно признати стандарди за квалитет и критериуми за проверка на квалитетот.

Мрежата на академски институции ОПТИМАЛЕ има за цел да создаде мапа на тековни високо образовни програми за превод низ Европа; да ги дефинира променетите потреби на пазарот и да ги пренесе добрите примери до сите членови во мрежата. Мрежата вклучува 70 партнери од 32 различни европски земји, од кои 27 од ЕУ и 5 земји надвор од ЕУ. Македониај е претставена од Универзитетот Американ колеџ Скопје.

Како претставник во оваа мрежа, би сакала да ги повикам сите заинтересирани кои сакаат да дадат свој придонес да ми пишат или да остават коментар.

No comments:

Post a Comment