9/05/2017

Македонска поезија во Хонг Конг


Новиот 17 број на поетсото списание „Глас и стих“ кое се објавува во Хонг Конг содржи специјален додаток со антологија на современата македоснка поезија. Во антологијата вклучив 8 поети од неколку генерации: Никола Маџиров, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Николина Андова Шопова, Славица Гаџова Свидерска, Митко Гогов, Елена Пренџова и Ѓоко Здравески. Поезијата во додатокот е на три јазика: македонски, англиски и кинески. За преводите на кинески соработував со Хајди Хуанг од Хонг Конг. Илустрацијата на корицата е дело на Зоран Попоски. Уредник на списанието е Крис Сонг.

Антологијата следи по посетата на Никола Маџиров на Поетските денови кои се одржуваат во Хонг Конг. Со Хајди Хуанг тогаш преведовме избор на поезијата на Маџиров која беше објавена во книга.

8/31/2017

Во Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија

Ова лето покрај долгиот и прекрасно поминат летен одмор остварив контакт со Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ). На покана на претседателката, проф. Огнена Никуљска на 28 јули одржав семинар за толкувањето во конфликтни и кризни ситуации, за етиката и за неутралноста.

Им благодарам на членовите на ЗПРМ за покажаниот интерес и за дискусиите. Да не бевме ограничени со времето, сигурно ке седевме и разговаравме уште долго. 

Се надевам дека во иднина повторно ќе имаме прилика да се дружиме.

9/01/2016

Септември е месец кога се слави преводот

Пораката за 30 септември 2016, Меѓународниот ден на преведувачите од Меѓународната федерација на преведувачите:

Превод и толкување: поврзани светови

Светот на преведувачот и светот на толкувачот се две професии посветени кон остварување на една цел: овозможување на комуникација меѓу луѓето. Како што светот станува се повеќе интегриран, овозможувањето на разбирање помеѓу мноштвото говорници е позначајно од кога и да било претходно. Било да е преку пишан збор или говор. Толкувачите и преведувачите се на крстосницата која влијае врз развојот на бизнисот, науката, медицината, технологијата, меѓународното право, политиката и многу други области. Ние им овозможуваме на сите овие светови да учат еден од друг со цел да го подобрат општеството како целост. Улогата на преведувачите и толкувачите во поврзувањето на световите е да отворат цел свет за сите нас. 

12/28/2015

Никола Маџиров во Хонг Конг

Малку доцнам со пишувањето на овој пост, но мислам дека е подобро подоцна одошто никогаш. Од друга страна, овој пост ќе биде убаво заокружување на 2015 година и вовед во Новата 2016 Година.

Во ноември во Хонг Конг се одржаа, како и секоја претходна година, Меѓународните поетски вечери, овојпат под темата "Поезија и конфликт". Но, оваа година за првпат имаше гостин поет од Македонија. Никола Маџиров ја претстави својата поезија пред Хонгконшката публика. 




Преводот на поезијата на Маџиров на кинески јазик го направи Хајди Хуанг, со мојата експертска јазична и културолошка помош, користејќи го англискиот како јазик-посредник.


со поетите Никола Маџиров и Беи Дао
Поетот со преведувачите на кинески




9/30/2015

Меѓународен ден на преведувачите

Со мало задоцнување, но сепак на Меѓународниот ден на преведувачите, преводот на пораката на Меѓународната федерација на преведувачите:

Постојано менливата професија превод и толкување

Од пенкало, преку машини за пишување, до софтвер за препознавање на говор. Од картички за каталогизирање до електронски речници и “автопат на знаењето”. Од Нинбершките судења до толкување преку телефон и видео.

Како што се менува светот, така се менуваат и повеќето аспекти во работата на преведувачите и толкувачите. Денешните студентите не можат да веруваат какви им биле условите за работа на нивните претходници пред само 30 години. Денес толку многу информации ни се на дофат. Имаме мноштво алатки кои ни овозможуваат да преведуваме побргу и поконзистентно. Можеме да се консултираме со колеги од целиот свет без да станеме од работната маса. Преведувањето е променето и за клиентите. Тие не мораат повеќе да се мачат да најдат локални преведувачи кои ќе одговорат на потребите – професионалните организации имаат регистри на членови кои стојат на располагање. Можат да го испратат текстот вечерта, пред да заминат од канцеларија, а да го имаат преводот готов утрото кога ќе се вратат на работа, благодарејќи на комуникацијата низ различни временски зони. Можат да балансираат со трошоците и целната популација во различни проекти користејќи преведувачи од различни краеви на планетава. Можат да ги консултираат сопствените клиенти на другиот крај на светот или докторот во друга земја благодарение на достапноста на професионални телефонски толкувачи. Можат да поминат текст  низ програма за машинско преведување и веднаш да добијат идеја за што се работи.
Сето ова е содржано во темата на Меѓународниот ден на преведувачите 2015, која гласи:
Постојано менливата професија на преведување и толкување
Промените носат и нови предизвици и нови можности. Брзината, цената и обемноста се најчесто споменувани. Но, се работи за многу повеќе. За луѓето кои работат ова значи поумешно работење и отвореност за промени, прилагодување на новите променети улоги, учење на нови вештини и користење на нови алатки.
Но основните работи не се менуваат:

  • улогата на преведувачите и толкувачите денес е иста како и онаа пред илјада години: да им овозможат на луѓето да комуницираат,
  • Квалитетот останува стандард во сите задачи и зависи од вештината и искуството на преведувачот или толкувачот и изборот на вистинскиот човек.
  • Преведувачите мораат да направат текстот да соодветвува на целта.
  • Клиентите треба соодветно да им ги објаснат своите потреби на преведувачите и толкувачите.
  • Преведувачите треба да бидат во тек со случувањата и постојано да се дообразуваат.
Какви ќе бидат преведувањето и толкувањето во иднина? Изминатиот милениум, луѓето кои преведуваат и толкуваат беа отелотворение на неспоредливи јазични вештини, специјализирана обука, професионално однесување и страст за работата. Најдобрата опрема може да им помогне да работат уште подобро, но не може да допре до срцето и душата на текстот или ср’жта на преговорите. На Меѓународниот ден на преведувачите 2015, затоа, да ги прославиме големите достигнувања направени во областа на преводот и толкувањето, но пред се‘ да ги прославиме луѓето кои се во центарот на професијата и кои овозможуваат светот да биде глобално село, но истовремено и универзум полн со можности во минатото, сега и во иднина.

Текст на англиски: Марион Боерс
Превод на македонски: Марија Тодорова

8/14/2015

All about book covers


Thesis completed, this summer, the goal was to present some of the findings at larger international academic gatherings.

One was a virtual presence at the IATIS 5th International Conference in Belo Horizonte, Brazil. As part of the Panel "Repackaging books for a new audience: innovative approaches to research on cross-cultural literary flows" my presentation looked at the covers of translated books as framing and representation sites that contest or promote stereotypes in the global literary market.

The second was real life presence at the the ICCEES (International Council for Central and Eastern European Studies) 9th World Congress taking place in Makuhari, Japan.

The Panel on Literary Approaches to the Balkan's was small, but was followed by a lively discussion. Apart from talking about covers, here I had a bit more time to present more aspects of national representation in the paratext of a translated book for children.


One of the comments from the audience proved the importance of children's books by saying that the reason for deciding to study the Balkans was reading Zlata's Diary when she was a teenager.

It is always great to see familiar faces at this two big meetings of scholars, but also create new friendships, which will hopefully continue at some next conference, workshop or joint project.

For more on the project "Images of Western Balkans in Children's Literature in Translation" see my related site.