8/16/2012

И оваа година летна школа

По интересната и полна со информации конференција на ИАТИС во Белфаст, морав веднаш да се вратам во Хонг Конг за да учествувам на Летната школа за проучивање на преводот. Околу 15 учесници од Хонг Конг, Кина, Тајланд, Иран, ОАЕ, и Тајван интензивно се дружеа, работеа на своите истражувачки проекти и посетуваа предавања, семинари и индивидуални консултации со професорите.


Меѓу професорите на школата беа Сандра Берман (Принстон), Џерард Бастин (Монтреал), Даглас Робинсон (новиот декан на Факултетот за Уметност на Хонг Конг Баптистичкиот Универзитет), Шарлот Босо (Единбург) и други.




No comments:

Post a Comment