Био

Марија Тодорова е доктор по мир и развој на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.Таа е дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност со македонски јазик - преведувачка насока.

Таа е активен преведувач и толкувач повеќе од 10 години. За своите литературни преводи ги има добиено наградите Златно перо во 2007 година и Најдобар превод на зимскиот саем во 2008 година. Во 2014 година е добитник на наградата "Ана Франк" за придонес во истражувањето на литературата за деца во Македонија.

Од 2008 е лектор по превод и комуникации на Универзитетот Американ колеџ Скопје.
Тодорова е член на Извршниот одбор на Меѓународното здружение за преведувачки и меѓукултурни студии.

Во моментов е стипендист на Советот за истражувачки грантови на Хонг Конг на Баптистичкиот Универзитет на Хонг Конг каде работи на истражувачки проект на тема за претставата за Западен Балкан во преведената литература за деца на англиски јазик.

No comments:

Post a Comment