9/23/2014

IATIS работилница за Западен Балкан


Насловот на третата регионална работилница на Меѓународната асоцијација за преведувачки и интеркултурни студии е "Обука на толкувачи и преведувачи", и се одржa на 25 и 26 септември на Универзитетот во Нови Сад. Работилницата е дел од настаните кои се одржуваат за да се одбележи 60 годишнината од основањето на Факултетот за филозофија.

Војводина, со својата повеќејазичност, е мислам идеалното место за една ваква конференција. На неа учествува повеќе од 30 учесници од целиот регион, па и од пошироко. Дел од презентираните студии беа објавени, на англиски јазик, во книгата Topics in Translator and Interpreter Training, која е слободно достапна во електронска форма. 

No comments:

Post a Comment