2/11/2014

Трансфикција

Конечно излезе од печат новата книга од областа на преведувачките студии од познатиот академски издавач Џон Бенџаминс. Како што кажува поднасловот, оваа книга се занимава со истражувања во фиктивните дела во кои преведувањето и преведувачите имаат значајна улога и ја препознава моќта на фикцијата како жив академски ресурс. Уредници на збирката трансдисциплинарни текстови се Клаус Кајндал и Карлхајнц Спицел од Виенскиот Универзитет. А во неа е и мојот текст за улогата на толкувачите во зони на конфликт, преку разгледување на фиктивната автобиографија на Тања Јанковиќ под наслов „Девојката од Бондстил“ (2011). Уште 21 поглавје во оваа книга разгледуваат различни аспекти на книги или филмови во кои преведувачите и толкувачите се во главна улога. Таа ги поврзува литературните и филмските дела со теоријата на превод и преведувачката пракса.  

No comments:

Post a Comment