2/10/2014

За македонскиот јазик во Војводина од Токио

 

Пред неколку дена во Токио се одржа работилницата за млади истражувачи насловена „Создавање, распаѓање и реорганизација на идентитетите во мултиетничките општества: кон воспоставување на Студии за Војводина“. Работилницата беше организирана од Јапонскиот конзорциум за студии на подрачје (JCAS), а се одржа во токиската канцеларија на Хокаидо Универзитетот. Целта беше да се зборува за мултилингвалноста на Војводина и нејзините скриени малцински јазици. На работилницата бев поканета да зборувам за употребата на македонскиот јазик во Војводина. Презентацијата немаше да биде толку успешна доколку не ми помогнаа неколку колеги од катедрата за македонски јазик, а особено колегата Станислав Станковиќ од Белград. Сите презентери добија корисни коментари од проф. Кеико Митани од Универзитетот Токио, како и колеги од Универзитетот во Белград и Српската академија за наука и уметности. Се надевам дека наскоро ќе можете да го прочитате целиот текст во публикацијата која беше најавена.

Доколку имате некое прашање или коментар напишете го овде или испратете ми емаил.


No comments:

Post a Comment