

„Куќичката на ежот“ (1949) е едно од најпопуларните дела за деца на Бранко Ќопиќ, кое и денес не губи од својата актуелност. Бидејќи е напишана во стих и во дијалог, оваа куса приказна често се изведува и низ театрите за деца во Србија, Хрватска и Босна. Неодамна книгата беше издадена и на англиски јазик во превод на Сузан Куртис, а во издание на Истрос букс [Istros Books], илустрирано од Сања Рашчек. Преводот на наглиски, исто доби и сценска адаптација и тоа како мјузикл во изведба на деца од петто одделение. Иако многу од книгите на Бранко Ќопиќ се преведени на македонски јазик, досега не е направен превод на оваа куса бајка/басна во стих.
No comments:
Post a Comment