9/02/2013

Награда за англискиот превод на „Атлас“

„Атлас - археологија на еден измислен град“ од Дунг Каи-Чонг во превод од кинески на англиски јазик е добитник на овогодинешната награда за Превод на научна фантастика и фантастика. Ова беше првата книга преку која го запознав Хонг Конг и морам да признаам дека остави голем впечаток и на мене и на мојот сопруг, Зоран Попоски, кој изработи серија дела инспирирани од книгата и од градот. Мој превод на кус извадок од „Атлас“ беше објавен во „Културен живот“ од март 2012 г.

No comments:

Post a Comment