
Овој и следниот месец во Брисел ќе се одржат два настани поврзани со преводот. Едниот е „Денови на преведувачките студии“ на 17-18 февруари. Оние кои не можат да присуствуваат ќе можат овој настан да го следат во живо. На настанот ќе бидат претставени четирите студии кои разгледуваат различни аспекти на преведувачките студии и повеќејазичноста, направени помеѓу октомври 2010 и февруари 2011. Ова е прва ваква конференција организирана од страна на Европската комисија. На неа ќе се зборува за тоа како преводот и повеќејазичноста придонесуваат за остварување на целите на Европската унија.
Другиот настан, кој ќе се одржи на 25 март е Конференцијата за превод за земјите кандидати и потенцијални кандидати. На конференцијата ќе биде претставено функционирањето на Генералниот директорат за превод, преведувачката политика, стратегиите за ангажирање на надворешни преведувачи, преведувачки алатки и ресурси и обезбедување на квалитет. Дел од материјалите од конференција, по нејзиното завршување ќе бидат достапни на интернет страната на ГД за превод.
No comments:
Post a Comment