8/31/2017

Во Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија

Ова лето покрај долгиот и прекрасно поминат летен одмор остварив контакт со Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ). На покана на претседателката, проф. Огнена Никуљска на 28 јули одржав семинар за толкувањето во конфликтни и кризни ситуации, за етиката и за неутралноста.

Им благодарам на членовите на ЗПРМ за покажаниот интерес и за дискусиите. Да не бевме ограничени со времето, сигурно ке седевме и разговаравме уште долго. 

Се надевам дека во иднина повторно ќе имаме прилика да се дружиме.

No comments:

Post a Comment