И после некој нека каже на наставниците им било лесно, се одмарале цело лето бидејќи се на распуст. Јас ова лето го поминав во знакот на професионално усоврвршување. Покрај докторската летна школа на Универзитетот во Манчестер посетив уште три професионални конференции. Па еве по малку за најинтересните моменти на секоја од нив.
На 29 август се одржа 40 Меѓународна средба на литературните преведувачи по традиција во Лешочкиот манастир, каде почива Кирил Пејчиновиќ. По 13 пат на средбата учествуваше преведувачот и писател од Турската Република Северен Кипар Махмуд Кансу, кој промовираше своја збирка раскази преведени на македонски јазик. Иако со него се гледам еднаш годишно, секогаш е задоволство да се разговара со Кансу, бидејќи секогаш има интересна анегдота поврзана со писателите и нивните преведувачи. На средбата учествуваат и преведувачи и писатели и интереснои е да се забележи динамиката меѓу нив, вечната поделеност помеѓу авторот и преведувачот; оригиналот и преведот. Ова ме потсети на интересна приказна за една авторка за деца од Австралија и нејзината преведувачка на германски - кои после долгогодишна соработка како автор и преведувач, во 2010 година издадоа заедничка книга „Момчето од Берлин“ чие дејство се случува во Австралија и во Берлин.
За оваа конференција направив детална анализа на изданијата на нобеловците кои пишуваат во оригинал на англиски јазик и сите нивни дела преведени на македонски јазик користејќи COBISS на националната библиотека. За разлика од она што беше напишано во некои медиуми, воопшто не критикував ами ја претставив статистички ситуацијата поврзана со теоријата на повторното преведување на исто дело.
Од 1 до 3 септември Здружението за компаративна литература беше домаќин на 5 конгрес на Европското друштво за компаративна литература. Интересен прв ден, гости од речиси цел свет, цела сесија за преводот, а јас „изгубена во превод“. Како? По некоја случајност мојата презентација за Литературниот превод како културна дислокација, фокусирана на преводот на „Пиреј“ на англиски јазик, се најде во панел со две други презентерки на француски јазик, па целата дискусија некако спонтано продолжи на француски. Е, убаво ми викаше Светле, мојата учителка по француски, да не се откажувам.
Е, ова лето навистина ми тргна со литературата. На 15 септември, на Универзитетот во Виена беше организирана Првата меѓународна конференција за преведувачите во литературата и филмот. Претпоставувам дека повеќето веќе го гледале The Interpreter и Lost in Translation, но дали сте ги погледнале: Spanglish, The Teahouse of the August Moon, Sharades, The Girl of My Dreams, Gaudi Afternoon, Everything is Illuminated, Midnight in Paris, листата е долга. Иако е ова академската конференција на која имам изгледано најмногу клипови од филмови, беше интересно да се слушне како се претставени преведувачите и толкувачите како ликови во романи, раскази и филмови. Мојата презентација беше фокусирана на улогата на толкувачите во војна преку книгата „Девојката од Бондстил“ од Тања Јанковиќ.

No comments:
Post a Comment