Со стипендија на Летната школа за истражување на преводот ова лето од 27 јуни до 8 јули престојував на Универзитетот од Манчестер. Меѓу предавачите на летната школа беа некои од клучните имиња во областа на преведувачките студии, како Мона Бејкер, Тео Херманс, Хелен Бузлин, Шебнем Сусам-Сарајева, идр.
Покрај предавањата и туторските часови со овие врвни истражувачи на преводот, Школата им обезбеди на учесниците пристап до целата библиотека на Манчестерскиот универзитет, трета по големина во Велика Британија.
Триесетина доктоски кандидати во областа на преведувачките студии можеа да разменуваат мислења и искуства за своите проекти.
No comments:
Post a Comment