
Како член на Извршниот одбор на ИАТИС се надевам дека ќе можам да ги промовирам македонскиот и другите „помалку зборувани“ јазици на светско ниво, како и да се залагам преводот и меѓукултурната комуникација да станат предмет на истражување и креирање на политики во Република Македонија.
Сите заинтересирани да дознаат повеќе или да се зачленат во ИАТИС се добредојдени да ми се обратат или директно да ја посетат интернет страната на ИАТИС.
Ако сакате да прочитате повеќе за новите истражувања на полето на преведувачките студии можете да го погледнете електронското издание на публикацијата „Нови гласови во преведувачките студии“.
No comments:
Post a Comment